Џастин Тимберлејк и Џесика Бел ја прославиле веридбата изминатиот викенд со забава на која присуствувале нешто повеќе од стотина пријатели и роднини. На пролсавата на познатиот пејач и популарната актерка во Лос Анџелес, меѓу другите, присуствувале и Елен Деџенерис, Ејми Адамс, Трејси Ајала и многу други.
Освен бројните познати личности, на забавата присуствувале и стотина нивни роднини. Изгледале многу среќно и се гледало дека помеѓу нив постои посебна врска, посебно пријателство. Еден од пријателите на Џастин кој присуствувал на забавата рекол дека се гледа дека сето тоа било вовед во една прекрасна венчавка.