Поп пејачот Џастин Тимберлејк во последно време дава се од себе како би им пружил на фановите незаборавни спомени од неговите настапи. Откако му помогнал на еден свој обожавател да ја запроси својата девојка на неговиот концерт, Тимберлејк одлучил да изненади и група момци кои се нашле на неговиот концерт.
Имено, тие сакале да се фотографираат за време на концертот, а пејачот на време ги забележал и им влегол во кадар со феноменална поза. Ете и за нив спомен за долго сеќавање, кој веднаш го поделиле не сајтот „Редит“, каде фотографијата веднаш станала вистински хит.