Во филмот кој во кината ќе се појави наредната година, Џастин Тимберлејк и Мила Кунис снимиле неколку сцени со жежок секс. Филмот “Friends With Benefits” е комедија на режисерот Вил Гиук.
Џастин и Мила ги играат главните улоги. Тие се двајца пријатели кои ќе одлучат да спијат еден со друг без никакви обврски. Работите тргнуваат кон лошо кога пријателот се вљубува во својата пријателка, која има долга врска со едно момче.