Иако повеќе пати се труделе да демантираат дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство, Џастин Тимберлејк и Мила Кунис повторно биле фотографирани на интимна вечера во Лондон, која довела до повторно појавување на шпекулации за нивната врска. Мила и Џастин моментално се на европска турнеја каде го промовираат нивниот заеднички филм “Friends With Benefits”, но освен што на премиерите се појавуваат рака под рака, се повеќе време минуваат заедно и кога камерите се угасени.


Парот бил забележан на тајна вечера во еден ресторан во Лондон, а дополнителни сомневања дека нешто кријат поттикнал и фактот што се обидуваат да не дозволат папараците да ги фотографираат заедно, па поради тоа ресторанот го напуштиле одвоено во со временска разлика од неколку минути. Џастин неодамна ја прекинал врската со актерката Џесика Бел, а се зборува дека причина за раскинувањето била токму Мила.