Музичарот и актер Џастин Тимберлејк и неговата сопруга, актерката Џесика Бил станаа родители. Нивното прво дете, сино Сајлас Рендал е роден во саботата, пренесуваат американските медиуми. Тимберлејк кој има 34 години, е „надвор од себе“ од среќа, пренесува списанието Пипл, и додава дека мајката и бебето се добро.
Бил и Тимберлејк се во врска од 2007 година. Парот се венча во 2012 година во Италија. Џастин после успехот со својот бенд „N’Sync“ продолжи со успешна соло кариера, додека Џесика е најпозната по улогата во серијата “7th Heaven” и филмовите „Илозионист“, „Блејд 3“ и многу други.