Со денови се шушка дека Џастин Тимберлејк и Џесика Бил чекаат дете. Сепак, ова беа само нагаѓања, се до денес. Тимберлејк во саботата го прославил 34. роденден, па на социјалните мрежи се заблагодарил за честитките, на малку необичен, но секако феноменален начин. Имено, тој го бакнал трудничкиот стомак на Џесика и со тоа објавил дека наскоро ќе станат родители.
Под фотографијата напишал дека оваа година ќе го добие најубавиот подарок и дека не може да го дочека. Да потсетиме, Џастин и Џесика се венчаа во октомври 2012 гоина и ова ќе им биде прво дете.