Пред само неколку месеци биле опишувани како највљубен пар, а сега се шушка дека раскинуваат. Се чини дека Џесика Бил и Џастин Тимберлејк имаат проблеми во рајот. Коментарите за прекинувањето почнале да се шират откако парот не дошол заедно на ‘Saturday Night Live’ шоуто на кое гостин бил и Џастин Тимберлејк.
Исто така неодамна тој бил виден без прстен на раката за време на својата турнеја. Пред неколку месеци се појавила слична лавина трачеви откако Џесика не се појавила на доделувањето на „American Music Awards“. На својот Твитер профил тогаш објавила порака да прекинат сите трачеви и дека меѓу нив се е во ред.