Четири месеци откако раскинаа, Џастин Тимберлејк и Џесика Бел се повторно заедно. На овој чекор се одлучил Џастин кој сакал на својата поранешна девојка да и даде уште една шанса. Уште во март кога одлучија да раскинат беше видливо дека тоа многу тешко го поднесуваат. Џесика отсекогаш сметала дека не требало да раскинат. Извор близок на парот рекол дека иако четири месеци биле разделени, постојано контактирале и таа инсистирала на втора шанса.


Ниту на Џастин не му било сеедно без Џесика. Попуштил кога сватил дека животот како самец не му одговара онолку колку што мислел. Сите во нивното окружување мислат дека е добро што одлучиле да се смират. За четирите месеци во кои беа разделени Џастин утеха побарал во колешките Ешли Олсен и Мила Кунис, додека на Џесика и припишувале романси со Колин Фарел и Џерард Батлер.