Пејачот Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Бел наводно повторно се заедно, пренесуваат холивудските таблоиди. Парот, кој раскинал во март после четири години врска, бил забележан минатиот викенд во некое кафуле во Торонто.
Еден очевидец за таблоидите изјавил дека Џастин Тимберлејк и Џесика Бел делувале задоволно и опуштено и дека буквално не ги тргале погледите еден од друг. Тој цело време гледал во нејзините очи, додека таа константно била насмеана.