Џастин Тимберлејк и Џесика Бел официјално ја прекинале својата врска после пет години минати заедно. Нивниот портпарол изјавил дека заеднички одлучиле секој да тргне по својот пат и дека ќе останат пријатели кои еден спрема друг ќе имаат огромен степен на почитување.
Парот прекинал по роденденската забава на која актерката направила изненадување за пејачот. Гласините за нивното прекинување започнале да кружат откако пејачот на доделувањето на оскарите се појавил со својата мајка, а не со Џесика. Прв пат прекинале минатата година поради тоа што Џастин наводно ја изневерувал со Оливија Мун.