Џесика Бел не е воодушевена што Џестин наскоро ќе започне со снимање на новиот филм во кој глуми со својата поранешна девојка Камерон Диаз. За да ја омекне пред почетокот на снимањето Џастин ја одвел во Вербиер за да уживаат во снежните радости. Парот, кој многу ретко се појавува заедно пред фотографите, изгледал како совршено да се забавува на швајцарските Алпи.
Двајцата имале широка насмевка на лицата додека се санкале низ падините. Актерката за нивната врска изјавила дека е највредното нешто кое го поседува. Камерон Диаз, пак, изјавила дека е воодушевена што ќе глуми со Џастин и рекла дека тој е најдобриот избор за таа улога.