Се чини дека Селена Гомез продолжила со животот во пост-Биберовскиот период, но Џастин сеуште е уверен дека станува збор само за фаза и дека неговата девојка ќе му се врати порано или подоцна. Извор близок до Бибер наведува дека помеѓу него и Селена сеуште нешто има и дека е сигурен дека ќе му се врати.

Прашање е зошто е толку сигурен? Затоа што нивната врска е нераскинлива. Факт е дека Бибер е малку збунет со оглед на тоа што тие двајца не ни зборуваат. Рака на срце, и претходно имало слични ситуации. Се караат и се помируваат, а ќе видиме како нештата ќе се одвиваат овој пат.