Младиот канадски музичар објави нов албум, но по се изгледа нема да може да го продава на територијата на Блискиот исток. Џастин Бибер го објави албумот „Purpose“, а поради симболот на Христијанството, Исус Христос, и Џастин Бибер топлес на коверот на албумот, тој е забранет.
Електронските медиуми пишуваат дека неговиот албум е забранет во неколку блискоисточни земји и во Индонезија, држави во кои мнозинството од населението се Муслимани. Имено, постојат два проблеми. Фактот дека Џастин е без маица и тетоважата крст на неговите гради. Се зборува дека тимот на пејачот веќе размислува за прилагодување на коверот за тамошниот пазар.