Џастин Бибер наводно ќе му се придружи на Џастин Тимберлејк во филмската верзија на серијата „Чуварите на плажата“. Џереми Џексон, која во серијата го играл Хоби Бјукенон, рекол дека младиот канадски пејач би бил одличен избор за новиот Хоби.
Џексон достигнал светска слава на 11 години со улогата на синот на главниот лик во серијата „Чуварите на плажата“ и го глумел Хоби полни девет години. Бибер сеуште не се огласил по повод овие наводи, и не е познато дали и тој како и Тимберлејк ќе облече црвени гаќички за капење. Младиот пејач досега глумел во неколку епизоди од серијата „Местото на злосторството“.