Извор близок на пејачот изјавил дека голема желба на Џастин била водечките тимови во светот на фудбалот да забележат дека е талентиран за тој спорт. Бибер моментално се наоѓа на европска турнеја, но секој ден наоѓа по еден час за фудбал.
Тренирањето со екипата на Барселона го сфатил како исклучителна можност да покаже колку е вешт со топката. Со ѕвездите на тимот изгледал како голем талент за фудбалот. Играчите го повикале да им се придружи на тренинг откако виделе негова фотографија во весниците на кој бил облечен во нивни дрес.