Младиот Џастин Бибер во своето однесување се повеќе личи на своите постари, инцидентни колеги. Откако неодамна физички нападнал папараци, сега полицијата двапати го застанала поради пребрзо возење.
Бибер тврди дека возел брзо за да ги избегне фотографите кои го следеле. Во својот спортски автомобил возел 129 км на час, каде што било дозволено до 100 км на час.
На полицијата и рекол дека го прогонувале фотографи. Меѓутоа еден сведок раскажува дека се наоѓал на патот и го видел младиот пејач каде вози отприлика 160 км на час, ги престигнувал другите автомобили и агресивно преминувал од една во друга лента.