Џастин Бибер е најголем добитник на доделувањето на европските MTV награди во Милано. Тој зеде награди во дури пет категории, и тоа Најдобар машки изведувач, Најдобар изглед, Најдобри обожаватели, Најдобра светска изведба и Најдобра соработка, за соработката со диџеите Скрилекс и Дипло во песната ‘Where Are You Now?’. Така тој ја презеде титулата од Еминем за изведувач со најмногу MTV награди, бидејќи сега ги има дури 17.
Наградата за најдобра изведувачка ја однесе Ријана, во категоријата најдобра изведба во живо победи Ед Ширан, а за најдобра песна прогласен е хитот а Тејлор Свифт ‘Bad Blood’. Интересно е дека прв пат беше воведена награда за најголемо влијание на видео спотови врз развојот на музичката сцена, а ја доби групата „Duran Duran“. Водители на доделувањето во Минало беа Ед Ширан и Руби Роуз, а настапија Фарел Вилијамс, Андреа Бочели, Тори Кели и други.