Канадската тинејџ ѕвезда Џастин Бибер го покажал својот талент во интерпретација и пишување песни на новиот акустичен албум кој бил објавен вчера и на кој се наоѓаат три нови нумери, вклучувајќи и срцепарателна балада која наводно била посветена на неговото раскинување со Селена Гомез. За потребите на албумот ‘Belive Acoustic”, Бибер ги променил аранжманите на нумерите од неговиот популарен албум ‘Belive’ кој излегол минатиот јуни, така да тој сега пее следен само од гитара или клавир.

Динамичните нумери ”Boyfriend” и ”Beauty and the Beat’, кои се проследени со електричен звук, биле забавени, а пејачот ја користи сета сила на својот глас како би владеел со нумерата. ‘Believe Acoustic” го враќа Бибер на неговите почетоци, кога пред пет години бил откриен на Ју Тјуб како пее на улиците во Канада.