Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер снима дует со поп кантри пејачката Тејлор Свифт, открила за странските медиуми девојката на Џастин, Селена Гомез. Таа рекла дека станува збор за преубава песна.
Додека нејзиното момче е окупирано со музиката, Селена моментално повеќе ја привлекуваат филмовите. Таа за десет дена ќе отпатува во Бугарија каде ќе го снима остварувањето “The Getaway” заедно со Итан Хок.