Тинејџерската звезда била забележана како напушта еден ресторан со Селена Гомез која има 18 години. Џастин Бибер, кој има само 16 години, демантирал дека е во врска со младата пејачка. Тој исто така се поврзува и со Јасмин Вилегас, која има 17 години и се појавува во едно шоу на „Дизни“. Таа исто така имала улога и во еден од спотовите на пејачот.
Парот тајно се состанал во родниот град на Бибер минатиот месец. Биле забележани како се бакнуваат во паузите на снимањето на спотот. Но и таа врска Џастин ја демантирал. Сепак извори блиски на младиот пејач велат дека Јасмин и Селена се борат да го завземат местото на првата посериозна девојка на популарниот млад пејач. Моментално и двете мислат дека многу му значат.