Славниот пејач Џастин Бибер изразил желба да сними дует со скандалозната пејачка Бритни Спирс. По големиот успех на својот прв филм “Never Say Never”, младиот актер сака и успешна соработка со Бритни.
-Мислам дека е многу талентирана. Се надевам дека ќе се договориме да снимиме дует-изјавил Џастин.
Новиот филм на Бибер, “Never Say Never”, после првиот викенд на прикажување, со 30 милиони долари бил на второ место по заработката во САД, а откако во 2009 година го објавил деби синглот “One Time”, Бибер во САД имал уште дваесет хитови кои биле на првите места на топ листите.