Помалку од една седмица откако била објавена веста за раскинувањето на тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер и Селена Гомез, младиот пејач се предомислил и сакал да се обиде да ја обнови врската со Селена. Тие наводно прекинале поради нејзината љубомора, а пејачката го откачила Бибер кога слушнала дека на еден концерт бил виден во друштво на непозната менекнка.
Наводно станувало збор за Барбара Павлин, која Бибер ја запознал на ревијата на Викторија Сикрет на која настапувал минатата седмица. Меѓутоа, Бибер сакал да и се врати на Селена и како што велат неговите пријатели бил спремен на се за да го прими назад.