Рутинското враќање на младиот пејач во САД се претворило во нова драма. Имено, кога се враќал од Азија во САД, откако неговиот авион слетал во Лос Анџелес, Бибер бил задржан на испитување. Неговите телохранители дале изјава за локалните медиуми дека не знаат што се случува, дека Џастин го задржале без објаснување и дека тие можат само да чекаат и да се надеваат дека набрзо ќе го пуштат. Испитувањето траело четири часа а потоа на младиот пејач му било дозволено влегување во земјата.
Откако бил пуштен, Цастин во придружба на телохранителите се упатил кон комбе кое го чекало, а на насобраните папараци и обожаватели им покажал дека ниту малку не го возбудуваат проблемите со законот. не е познато дали неговото задржување има врска со онлајн петицијата кои некои граѓани на САД ја запончел на страниците на Белата куќа барајќи на младиот пејач, кој е жител на Канада, да му се одеземе зелената карта и да му се забрани престој во САД.