Концертот на Џастин Бибер во Лондон морал да биде прекинат бидејќи има потешкотии со дишењето. Пејачот настапувал само 15 минути кога истрчал од сцената, а во бекстејџ го пречекале доктори кои го прегледале. Набрзо се вратил на сцената бидејќи сакал да го доврши својот концерт и да не ги изневери своите обожаватели.
По концертот завршил во болница. На Твитер објавил фотографија од болничкиот кревет. Многумина коментирале дека се работи само за маркетинг трик, бидејќи минатиот понеделник два часа задоцнил на концертот. Но, неговиот менаџер тврди дека е обратно.
-На Џастин му снема воздух. Постојано се жалеше дека нема воздух. Во еден момент веќе не можеше да издржи, па мораше да направи пауза. Иако докторите му рекоа дека мора да му ја прегледаат плуќата, тој одлучно се врати на сцената-изјавил менаџерот.
Џастин преку Твитер им се заблагодарил на обожавателите за поддршката, и им кажал дека добро се опоравува.