Во интервју за “Women’s Wear Daily”, пејачот Џастин Бибер открил дека себеси се гледа во брак најдоцна до 25 години. Младата поп ѕвезда тоа го изјавила без никакво размислување. Во интервјуто додал дека сака да биде млад татко.
Со оглед на тоа што неговата појава предизвикува огромен интерес кај тинејџерките и со оглед на тоа што е свесен колку е популарен кај женската популација, Џастин Бибер додал дека сепак тоа нема да биде многу брзо и дека ужива во врската со Селена Гомез.