Меѓу туристите кои за некој месец ќе се вивнат во вселената со леталото на „Вирџин Галактик“, ќе биде и канадскиот пејач Џастин Бибер. Тинејџерската поп ѕвезда им се придружила на познатите личности кои веќе резервирале места во леталото на британскиот милијардет Ричард Бренсон, како Леонардо ди Каприо и Ештон Качер.
Одушевен од одлуката на младиот пејач, Бренсон преку Твитер му испратил порака во која пишувало: Честитам, се гледаме таму горе“. Само за депозит за лет во вселената во организацијата на Бренсон потребно е да се уплатат 250 илјади долари. Леталото првиот пробен лет го имало минатиот април во Калифорнија. Се очекува првите туристички парувања да бидат во 2014 година.