Познатиот поп пејач Џастин Бибер, кој утрово беше уапсен во Мајами поради брзо возење во пијана состојба, со истечена возачка дозвола, како и поради давање отпор при апсењето, пуштен е од притвор со кауција од 2500 долари. Полицијата го сопрела пејачот поради тоа што со своето Ламборџини возел со 95 километри на час во делот од градот каде брзината е ограничена на 50 килоемтри.

После вербалниот судир и вреѓањето на полицаецот, тој признал дека пред да влезе во автомобилот пиел алкохол, пушел марихуана и земал лекови кои му ги препишал лекарот. бибер пред судијата се појавил во црвена затворска униформа, и според изјавите на сведоците, воочливо се тетеравел за време на сослушувањето.