Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер поставил нов рекорд на Јутјуб. За време на изминатиот викенд пејачот станал првата личност со повеќе од две милијарди кликови и така го срушил рекордот кој пред него го држела Лејди Гага. Таа минатата година била првата личност која имала милијарда кликови. Бибер, сепак, сеуште не успеал да ја симне популарната пејачка што се однесува до популарноста на Твитер.
Гага на таа друштвена мрежа има 15 милиони следбеници, додека младиот пејач имал 14 милиони. Бибер Твитерот го користел редовно за комуникација со фановите, но сеуште не го искоментирал соборувањето на рекордот, туку моментално го промовирал својот нов божиќен албум “Under the Mistletoe”, кој би требало да излезе деновиве.