Популарниот пејач Џастин Бибер ќе биде сослушан во полицијата во Лос Анџелес откако еден фотограф се жалел дека пејачот го нападнал во еден трговски центар. Шерифот Роберт Изјавил дека фотографот повикал полиција во неделата и дека се жалел на болка во градите.

Вајрд исто така додал дека судирот настанал откако фотографот се обидел да го фотографира Бибер и неговата девојка Селена Гомез додека излегувале од кино салата. Шерифот рекол дека фотографот бил одведен во болница каде му била дадена потребната помош, додавајќи дека Бибер и Селена заминале пред да пристигне полицијата, така да не ја слушнале неговата страна на приказната.