Иако во последно време е повеќе популарен по своето непристојно однесување отколку по музиката, младиот пејач Џастин Бибер заседнал на врвот на листата на Форбс за најпогати славни личности помлади од 30 години. Имено, 20-гоишниот Бибер заработил 80 милиони долари за само една години, и тоа најмногу благодарение на својата светска турнеја ‘Believe’, која му донела импресивни 70 милиони долари.
Зад Бибер се нашле момчињата од бендот „One Direction“ со 75 милиони долари и Тејлор Свифт со 64 милиони долари. Бибер својот последен албум ‘Journals’ го објавил во декември минатата година и оттогаш практично не работел ништо, освен кршењето на законот.