Џастин Бибер станала најбогат тинејџер во САД откако само минатата година заработил 53 милиони долари. Бибер се искачил на врвот на традиционалната листа на списанието „Пипл“ и зад себе ја оставил Мајли Сајрус, тинејџерската ѕвезда која се прославила во музичкиот серијал „Хана Монтана“.


Како што било проценето ваквиот скок на приходите на Џастин Бибер се должи на големата популарност на концертот кој бил објавен во 3Д формат “Never Say Never”, како и од неверојатната продажба на неговиот парфем “Someday”. Второпласираната Мајли за време на 2010 година заработила 48 милиони долари, додека на третото место се нашла девојката на Бибер, Селена Гомез, која заработила само 5,5 милиони долари.