Откако собрал шест награди на „Билборд“, Џастин Бибер одлучил да се одмори. Со својата девојка Селена Гомез отпатувал на Хаваите каде уживаат на плажите. Џастин во кратки пантолони и без маица се прошетал по плажата со Селена. Селена се одлучила за розе костум и бели провокативни пантолончиња.


Потребните предмети за на плажа ги носела во тигреста торба. Додека шетале се држеле за рака. Џастин овој пат ја покажал тетоважата која ја направил кога имал 16 години и која се наоѓа под неговата лева рака. Парот најпрво својата врска ја криел од јавноста, но се почесто можат да се забележат како си разменуваат нежности.