Поради големата желба да се приближи на поубавиот дел од своите обожаватели, Џастин Бибер одлучил да лансира линија женски парфеми. Парфемот ќе носи име „Someday“, а ќе има цветна нота и ќе се продава во шишенце со нараквица и капаче во форма на срце по цена од 35 долари.
Џастин бил возбуден поради својот нов проект и изјавил дека на момчињата им е многу важно како нивните деовјки мирисаат. Инаку, младиот Џастин е роден за бизнис. Досега успешно го проширил користењето на унисекс парфемот, како и колекција на лакови за нокти, и покрај тоа што како машко воопшто не ги користи.