Врската ја криеле во првите неколку месеци, а потоа одлучиле на сите да им покажат дека се сакаат. Селена Гомез не се осврнува на заканите на обожавателките на Џастин, а Џастин одлучил својата девојка да ја одведе во својот дом во Канада и да ја запознае со своите најблиски. Парот бил виден во друштво на пријателите и семејството на Џастин додека се засладувале со сладолед.
На почетокот на оваа седмица биле и со двајца роднини на Џастин и неговиот татко на пикник. Џастин и Селена уживаат во семејното окружување, а колку им е добро заедно сведочи и фотографијата која ја објавиле на твитер во средата. На фотографијата Џастин ги масира стапалата на Селена додека обајцата уживаат и седат на кауч.