Иако уште од крајот на минатата година се шушка дека Џастин Бибер (16) и Селена Гомез (18) се во врска, тие тоа го потврдиле дури овој викенд со заедничкото појавување на црвениот тепих на една забава по доделувањето на Оскарите. Џастин со својата девојка, која се појавила во црвен фустан на Долче и Габана, цело време им позирал на многубројните фоторепортери.
Младиот пар ги усогласил своите комбинации за облекување, па така Бибер се појавил во црно одело од истите дизајнери, со марама во црвена боја. Иако не сакале да ја потврдат својата врска, пејачот изјавил дека Селена е прекрасна личност и дека не постои некој кој не би сакал да биде со неа. Откако биле видени како се бакнуваат, Селена почнала да добива смртни закани од неговите обожавателки.