Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер доживеал сообраќајна несреќа. Тој се чувствувал добро, но затоа настрадало неговото Ферари. Популарниот пејач удрил во автомобил марка Хонда, а за среќа двајцата возачи биле добро и се поминало без поголема материјална штета.


Од полицијата во Лос Анџелес било потврдено дека несреќата се случила во дел од градот познато како Студио Сити. Инаку, ова не е прв пат Џастин Бибер да има работа со полицијата, која неодамна го сопрела дека го возел ролс ројсот на својот пријател Шон Кингстон. Полицајците тогаш изјавиле дека им било сомнително тоа што двајца тинејџери се возат во толку луксузен автомобил.