Џастин Бибер во изминативе неколку дена е снимен во друштво на убавица. Станува збор за Јована Вентура за која се знае дека се бави со манекенство, дека има 18 години и дека сеуште оди во средно училиште во Мајами. Јована, освен тоа, на своите фанови на Инстаграм, кои ги има околу 225 илјади, најмногу сака да им покажува како изгледа нејзиното тело, а и дава упатства за тоа како да се хранат и како да вежбаат, а на тој начин и заработува.

Извор близок до пејачот открил дека Џастин сакал да ја запознае. Ја побарал и оттогаш многу време минуваат заедно. Односот им цветал и наскоро и официјално би можеле да бидат во врска. Комуницираат од март откога Џастин ја контактирал. На почетокот на април, кога тој отишол во Мајами, се дружеле за време на викендот. Тогаш заедно минале неколку денови. За време на нивната последна средба во Лос Анџелес, Вентура на Инстраграм објавила фотографија покрај која напипала „Со мојот пријател Џастин Бибер“.