Популарниот пејач Џастин Бибер е фатен како со својата девојка зема кокаин во еден клуб. Контраверзниот пејач повторно е во проблеми, но овој пат во нив ја вовлекол и својата девојка Селена Гомез.
Според пишувањата на списанието “In Touch”, тие се забавувале во еден познат клуб во Холивуд, но биле видени како шмркаат кокаин. Еден од гостите на клубот рекол дека танцувале цела ноќ, и не се грижеле за погледите на присутните и за тоа како се однесуваат. Во еден момент одлучиле да земат кокаин и тоа го сториле пред сите.