Тинејџерските ѕвезди Џастин Бибер и Селена Гомез повторно се заедно, барем судејќи според бакнежните кои ги разменувале на аеродромот во Солт Лејк Сити. Џастин и Селена во зимските денови решиле да ја подгреат својата љубов, па така на празнично патување биле видени заедно на аеродромот.
Селена седела во крилото на Џастин, а додека се бакнувале тој рацете ги држел околу нејзиниот струк. Неименуван извор кој ги проследил фотографиите до медиумите изјавил дека биле многу нежни еден кон друг и дека се гледало дека се вљубени.