Пејачот Џастин Бибер и неговата девојка Селена Гомез неодамна купиле имот во Лос Анџелес на кој планираат да изградат свој заеднички дом, пренеле медиумите. Од местото на нивната идна куќа има прекрасен поглед на долината Сан Фернандо. Почетокот на изградбата на куќата на младиот пар ќе започне наскоро. За местото покрај другото се одлучиле и поради тоа што мајката на Селена живее во негова близина.

Врската помеѓу Бибер и Селена станува се посериозна, а пејачот неодамна изјавил кои особини најмногу ги сака кај својата девојка. Му се допаѓал нејзиниот смисол за хумор како и актрактивниот физички изглед, за кој рекол дека му е важен онолку колку и на другите момчиња на неговата возраст.