Музичките ѕвезди Џастин Бибер и Лејди Гага ќе глумат вонземјани во филмот „Луѓе во црно 3“. Режисерот на филмот рекол дека ги избрал поради тоа што тие се ѕвезди кои ќе бидат препознатливи и после десет години.

Мала улога во филмот добил и режисерот Тим Бартон, кој ќе глуми еден од членовите на одборот кои ги надгледуваат вонземјаните. Режисерот на филмот Сонефилд рекол дека Бартон најверојатно знае повеќе за вонземјаните од тој самиот.