Веќе извесно време се зборува за тода дали Џастин Бибер и Кендал Џенер се во врска. Откако Џастин на својот Инстаграм профил објавил прилично интимна фотографија на која е со младата убавица повторно се разгореа шпекулациите околу тоа дали се заедно или не се. Една личност би била посебно среќна доколку се покаже дека гласините се точни.
Крис Џенер едноставно го обожава Џастин и го фали на сите страни. На нејзината љубов кон него придонесува и фактот што пејачот е „тежок“ 200 милиони долари. Сите знаеме дека парата се лепи на пара. Сега уште ни останува да причекаме и да дознаеме од прва рака што всушно се случува помеѓу Кендал и Џастин.