Откако ја прекина долгогодишната врска со колешката Селена Гомез, поп ѕвездата Џастин Бибер не престанува да прави скандали, иако вети дека ќе се смири. Неговиот последен испад е фотографија на која е потполно гол, а која ја објави на социјалните мрежи. Идолото на тинејџерките во целиот свет во последно време стана толку несериозен што секојдневно поставува фотографии на кои е скромно облечен. Овој пат отиде чекор подалеку и на сите им го покажа голиот задник.

 

Фотографијата настана пред неколку дена на одморот на кој отишол со пријателите. Неговата фотогафија веднаш на својот профил ја објави пејачјата Мајли Сајрус, но со цензура, бидејќи го пресече делот на кој се гледа неговиот задник. Иако за само неколку минути фотографијата доби 20 илјади лајкови, има и такви кои остро го осудуваат неговиот потег истакнувајќи дека не е добар пример за младите. Инаку Бибер, које е на одмор на егзотичниот остров Бора Бора, пред неколку дена доживеа шок бидејќи негов пријател бил нападнат од ајкула додека пливал во оеканот. За цела среќа минал само со полесни повреди.