Џастин Бибер на Инстаграм објавил фотографија на која изгледа како Џејмс Дин. Црно-бела фотографија, поглед во далечината и цигаре, Џастин Бибер посакал да изгледа како славниот заводник Џејмс Дин. Младиот пејач објавил фотографија на која неодоливо потсеќа на оваа голема ѕвезда во филмот ‘Rebel Without a Cause’. Многумина се прашуваат дали Бибер може да го засени Џејмс, или тој е само бунтовник без причина. Џастин во описот на фотографијата напишал дека бил инспириран од Џејмс Дин, но и дека не пуши цигари.

Оригиналната фотографија снимена е во филмот ‘Rebel Without a Cause’, на која Џејмс има бела маица и цигаре во устата. На фотографијата на Бибер исто така може да се види и новата тетоважа на пејачот, таканаречената „Ballon Girl“, односно девојката со балоните.