Младиот канадски пејач Џастин Бибер постигна исклучителен успех на листата најдобри синглови во Велика Британија. Од првите пет песни на таа листа, три хитови се негови, што не успеа ниту еден уметник уште од Џон Ленон во 1981 година. Благодарение на успехот на песните „Sorry“, „Love Yourself“ и „What Do You Mean“, Џастин Бибер го зазеде првото, третото и петтото место на листата број еден синглови.

 

Песната на Бибер „Sorry“ направи светскиот хит на Адел „Hello“ да падне од првото песто, на кое се наоѓаше три седмици. Во јануари 1981 година, еден месец откако беше убиен Џон Ленон во Њујорк, неговата песна „Imagine“ беше на првото, синглот „Happy Xmas (War Is Over)“ на второто и „Starting Over“ на петтото место на споменатата листа.