Обожавателите на Џастин Бибер го замолиле пејачот итно да го откаже концертот во Перу, откако по пат на интернет добил пораки со смртни закани. Пејачот имал закажан настап за 17 октомври на националниот стадион во Перу, но постои можност поради неговата безбедност да биде откажан.
Групата на Фејсбук „Убиј го Џастин Бибер на 17 октомври на националниот стадион“ веќе собрала 1874 членови и со тоа ги навела фановите на пејачот да се загрижат за неговиот живот. Исто така фановите покренале и онлајн петиција и веќе собрале 907 потписи за да му се забрани на Џастин Бибер да патува во Перу.