Канадскиот поп пејач Џастин Бибер добил потрес на мозокот откако за време на настапот во Париз удрил со главата во стаклен ѕид. Бибер за сајтот TMZ, кој ги следи познатите личности, изјавил дека почувствувал вртоглавица за време на настапот, но проценил дека има сила да ја заврши последната песна. Веднаш потоа, одејќи во бекстејџот, удрил во стаклен ѕид и паднал во несвест.

TMZ на својата интернет страна поставил аудио клип на кој Бибер рекол дека лекарите му рекле како има потрес на мозокот и како му наредиле да одмара. Пејачот на Твитер напишал дека се чувствува добро. Моментално се наоѓа на европска турнеја на која го промовира албумот „Belive“.