Најдобриот стрелец во македонското првенство, охридската седумка Џарид Фрај, лесно се навикнал  на мирниот живот во Охрид,  не ја сака зимата, тешко му оди со бурекот, а кошарката е неговиот живот. Нема некој посебен ритуал пред натпревар, едноставно се опушта слушајќи рап музика.

Црномурестото момче, поентерот на АМАК СП и лидерот на екипата потекнува од кошаркарска фамилија. Почетоците ги направил додека бил многу млад, на околу седумгодишна возраст.

Покрај мене, и мојот брат се занимаваше со кошарка играјќи во клубови во Португалија и Литванија. За жал се повреди и не игра повеќе. Игравме во истиот колеџ (Sacred Heart University) , имавме можост да се запознаеме со различен стил на игра од оној кој се игра преку барата. Две најбитни разлки од играњето таму и овде се досудените пркршоци , како и “чекорите“. Таму е дозволена поагресивна одбрана за разлика од овде, како и оној прв чекор кој не се суди таму , овде се санкционира,  вели  момчето од Њу Јорк кое лигата ја заврши како најдобар стрелец Кошрката е кошарка, било во кој дел од светот да ја играте. Времето на адаптација беше кратко, ми требаа неколку тренизи и неколку меча за да се навикнам на играњето овде. Она што го постигнав во голема мера зависеше и од тренерот и од моите соиграчи.

Довербата која му ја дава тимот е доволна за да биде самоуверен во себе. Таа своја самодоверба често ја користи да одлучи натпревар и тоа во последните минути.

Често во одлучувачките моменти топката е во моите раце,а моите соиграчи веруваат дека јас ќе го направам вистинскиот потег. Имам одлична соработка, бидејки знам дека и јас можам да се потпрам на нив. Тренрот ми ја даваа таа слобода и има верба во мене што само ја зголемува самодовербата кај мене, вели Фрај кој за своите соиграчи едноставно вели дека се супер.  Нивната подршка е „е виновна“ што тој лессо се прилагодил на животот во Охрид. Вели:„Нивната подршка ми беше потребна на стартот кога бев единствениот американец пред доаѓањето на Вил а потоа на Бо. Сите тие зборуваат англиски и затоа ми е многу полесно“.

За животот во Охрид вели дека има некоја посебна магија многу поразлично од она на што е тој навикнат.

Пораснав во Њу Јорк каде се живее 200 на сат, илузорно е да направиме споредба меѓу брзиот живот таму и мирниот живот овде.Тоа се две дијаметрално спортивни работи. Луѓето не се толку пријателски расположени како овде , каде ми изгледа дека сите во градот се познаваат. И покрај тоа што ми недостига брзиот живот , не ми беше тешко да се навикнам тука зошто Охрид навистина е прекрасен.

Професионалноста која му ја нуди Клубот е една од најдобрите работи кои му се случиле тука. Задоволен е и од условите, сместувањето, салата, теретаната. Храната и зимата се единствените нешта на кои тешко се навикнал. „Имав доста потешкотии додека се навикнав на храната овде. Еднаш пробав „Бурек“ и имав доста тегоби, но тука сум девет месеци и еве ме преживеав ! ! Исто така нешто што не ми се допадна беше зимата. Тогаш беше премногу ладно и моравме да тренираме “со јакни“ нешто на што не сум навикнат, и тое е единстевното нешто што ми пречеше.“

За иднината не размислува она што му е битно е да игра а не да седи на клупа. Најчесто слободното време го користи за прошетка покрај езерото, како и да испие кафе во некое од охридксите кафулиња. Иако девојките во Охрид се прекрасни тој не би ја менувал својата девојка.

БО Тејлор за Фрај:Џарид е најдобриот играч со кој сум играл, не сум го видел да одигра лош меч откатко јас сум тука а сигурен сум дека и претходно играл одлично. Немаат некој посебен ритуал пред мечот, едноставно се опуштаат со модерен рап. Она што не му се допаѓа е храната, бидјки не сме навикнати на ваков начин на исхрана. Ни се допаѓа македонската кујна но не јадеме се бидејќи не знаема на каков вкус ќе налетаме.“

Бо Тејлор во Охрид е од Јануари. Вели дека ова е ново искуство за него.„Јас сум “пргав“ играч па мора да играм помирно со оглед на начинот на кој овде се санкционират прекршоците.“ 
– Имав проблем и со адпатацијата на играта посебно со “чекорите“ но како и што кажа Џарид “кошарката“ е кошарка каде и да ја играш. Прва сезона ми е надвор. Сите во тимот се спремни за она што ги чека и моето доаѓање само треба да биде дополнување на ростерот .Уште едно искуство за мене и јас навистина уживам во тоа, вели Тејлор.

                                                                                                                М.П/С.В