Еден бод го дели ФК Охрид до остварување на сонот на охриѓани кој трае веќе 17 години. Мечот со Новаци е зад “рибарите“ кои “психички“ се рехабилитираат пред гостувањето кај Беласица.
– Преголем беше психолошкиот притисок на играчите, нормално дека и играчите посакуваат да влеземе во првата лига и да не ја испуштиме оваа укажана шанса – вели Џајо.
Поглавјето “Новаци“ е завршено и “рибарите“ се фокусираат на фото-финишот во шампионатот.
– Два меча еден бод, ние сами си ја завршивме работата како и во целиот шампионат, им благодарам на моите играчи за пожртвуваноста, која ќе ја крунисаме со влез во првата лига – потенцираше Ѓорески.
Натпреврот со Беласица се игра во недела во Струмица. Охриѓани со едно уво ќе бидат во Боговиње, каде Влазними го пречекува Тиквеш. Евентуален кикс на кавадарчани, без разлика на мечот во Струмица ќе го промовира Охрид во вториот прволигаш.
М.П.