Примарна цел во овај преоден период за охридските бели останува задржувањето на Ѓорески и Толески во своите редови.



Со ремито 1-1 над Јавор “рибарите“ ги започнаа тест средбите во предсезоната. Охриѓани кои променаа два тима во текот на мечот, велат дека за нив најважна е играта во овие подоготовки, додека резултатите паѓаат во втор план.

–    Одигравме добар меч, ќе одиграме уште неколку меча во кои ја бараме формата за пролетниот дел. За нас најважно во овај период останува да ги осигураме услугите на Сашо Ѓорески  и Гоце Толески – вели Ѓорески.

Охриѓани наредната контрола ќе ја имаат в петок против Силекс.

М.П.